Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Заедничко писмо по однос на откажувањето на мајската пред-сесија на Комитетот за правата на детето на Обединетите Нации

Здружението ЕСЕ го поддржа „Заедничкото писмо по однос на откажувањето на мајската пред-сесија на Комитетот за правата на детето на Обединетите Нации“ (Joint letter on the cancellation of the May pre-session of the UN Committee on the Rights of the Child) упатено до постојаните мисии на Обединетите Нации во Женева и Њујорк. Писмото е подготвено како реакција на откажувањето на мајската пред-сесија на Комитетот за правата на детето поради кризата на ликвидноста на Обединетите Нации, што претставува сериозен преседан кој има негативно влијание врз можноста на Комитетот да ја врши неговата суштинска работа на мониторинг на спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето во земјите членки на ОН. Воедно откажувањето на предсесијата ја оневозможува интеракцијата на Комитетот со граѓанските организации и децата со цел мониторинг на спроведувањето на Конвенцијата.

Повеќе...

Конференција „Одговор на побарувачката за вакцинација за Ковид-19: Научени лекции од Источна Европа“

Претставници на ЕСЕ учествуваа на тридневна конференција во Белград, Србија, насловена „Одговор на побарувачката за вакцинација за Ковид-19: Научени лекции од Источна Европа“. Конференцијата е дел од регионалниот проект на УСАИД, насловен МОМЕНТУМ – Трансформација и правичност на рутинската имунизација, кој се спроведуваше во С. Македонија, Србија, Молдавија и Босна и Херцеговина. Здружението ЕСЕ го спроведуваше проектот во С. Македонија од  јуни 2023 година, со главна цел за унапредување на здравите животни стилови и редовната вакцинација на возрасното население, односно, помеѓу лицата над 45 години со хронични заболувања. Конференцијата имаше за цел да се разменат искуствата од спроведувањето на проектот во С. Македонија, Србија и Молдавија, фокусирајќи се на направените адаптации на проектните активности, согласно на потребите во секоја држава, клучните успеси на проектот во секоја земја, како и предизвиците со кои се соочија организациите при имплементацијата на проектот.

Повеќе...

Обезбедивме директна поддршка за решавање на проблемите со кои се соочуваат жените што претрпеле семејно насилство

Во месец март им помогнавме на 19 жени кои претрпеле семејно насилство преку Центарот за правна помош (ЦПП). За решавање на наведените правни проблеми беа обезбедени правни совети во однос на начинот на иницирање и текот на граѓанските и кривичните судски постапки за заштита од семејно насилство, како и другите судски и административни постапки кои се водат пред надлежните институции. Организирани беа 41 индивидуални средби со адвокат и подготвени  вкупно 21 писмен поднесок во постапките за развод на брак (6), старателство (4), издршка (3),  кривични предмети (3), имотни односи (2) и  остварување права од социјална заштита (3).  За шест жени беше обезбедено психолошко советување од стручно лице психолог.

Повеќе...

Трета регионална средба за координација на земјите членки од COPASAH Europe мрежата, Црна Гора

Третата регионална средба за координација на земјите членки од COPASAH Europe мрежата, се одржа на 19 и 20 март, 2024 година во Црна Гора и на истата присуствуваа осум претставници на организации кои се членки на мреката од Северна Македонија (ЕСЕ), Романија (RomaJust), Црна Гора (Juventas) и Албанија (HRDC). За време на регионалната срдба, членките имаа можност да се запознаат со методите и алатките што ГО Juventas ги применува за прибирање и анализа на податоци од заедниците со кои работи, како и за пристапите и алатките за оценка на однесувањата на заедниците со кои тие работат. Покрај Juventas на оваа средба ГО ЕСЕ, RomaJust, и HRDC ги презентираа методологиите што ги користат за собирање и анализа на податоци од заедниците со кои работат. За време на средбата беа дискутирани и договорени идните активности на мрежата и динамиката на нивното спроведување.

Повеќе...

Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година, усвои информација за резултатите на работната група за спроведување на акцискиот план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 година со финален извештај

На 22 март, 2024 година ЕСЕ како ко-претседавач на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година преку дописна седница ги усвои “Информација за резултатите на работната група за спроведување на акцискиот план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 година со финален извештај за самооценување”. Овој извештај, во наредниот период ќе биде доставен на разгледување и усвојување од Владата на РСМ.

Повеќе...

 

COPASAH Europe

Семејно насилство

Човекови права во здравствена заштита

Фискална Транспарентност 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар