Приоритети Во периодот 2020-2024 година, Здружението ЕСЕ ќе работи на следниве приоритети: Вклучување на граѓаните во процесите за планирање, спроведување и евалуација на законските регулативи, буџетите и услугите во областа на социјални и економски права. Обезбедување еднаков пристап до правда во областа на социјални и економски права. Унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права.
Стратегиски приоритет 1: Вклучување на граѓаните во процесите за планирање, спроведување и евалуација на законските регулативи, буџетите и услугите во областа на социјални и економски права
ЕСЕ ќе работи на зајакнување на капацитетите на локални и национални граѓански организации за спроведување на методологиите за социјална отчетност и правно зајакнување, вклучително и на ромските организации, организациите кои работат во областа на здравството, организациите кои работат на родова еднаквост и вработување и организациите кои работат со различни маргинализирани групи. Преку ваквата работа граѓанските организации ќе бидат во можност да ги зајакнуваат и мобилизираат заедниците со кои работат во насока на зајакнато учество на граѓанските организации и на граѓаните во барањето отчетност од владините институции
Стратегиски приоритет 2: Обезбедување еднаков пристап до правда во областа на социјални и економски права ЕСЕ ќе продолжи да работи на правно зајакнување на луѓето и сиромашните и ранливи заедници, за да преземат проактивна улога во решавањето на нивните правни проблеми. Ќе го поддржиме и спроведувањето на економски исплатливи алтернативни начини за решавање на незадоволените правни потреби на населението. Ќе продолжиме да ги зајакнуваме капацитетите на граѓанските организации даватели на правни и параправни услуги и да го промовираме концептот на параправници во заедницата како неформален механизам за обезбедување правна помош и пристап до правда за сиромашните, маргинализираните и ранливите групи во нашето општество.
Стратегиски приоритет 3: Унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права ЕСЕ ќе работи на подигање на јавната свест и информираноста на граѓаните преку обезбедување информативни и образовни содржини поврзани со фискалната транспарентност и потребата за буџетирање според приоритетите, што ќе придонесе кон зајакнување на капацитетите на граѓаните да го разберат и да го практикуваат нивното право на пристап до јавни информации, подобро разбирање за начинот на кој функционира јавниот систем, подобро разбирање на информациите кои ги обезбедуваат јавните институции, како и користење на таквите информации за да се бара отчетност од властите.
Ресурси за жени, родители и граѓански организации во ранливи средини |