Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

Стратегиски приоритет 2: Обезбедување еднаков пристап до правда во областа на социјални и економски права

ЕСЕ ќе продолжи да работи на правно зајакнување на луѓето и сиромашните и ранливи заедници, за да преземат проактивна улога во решавањето на нивните правни проблеми. Ќе го поддржиме и спроведувањето на економски исплатливи алтернативни начини за решавање на незадоволените правни потреби на населението.  Ќе продолжиме да ги зајакнуваме капацитетите на граѓанските организации даватели на правни и параправни услуги и да го промовираме концептот на параправници во заедницата како неформален механизам за обезбедување правна помош и пристап до правда за  сиромашните, маргинализираните и ранливите групи во нашето општество.

Ќе продолжиме со собирање на податоци од перспектива на граѓаните и ќе обезбедиме докази за олеснување на пристапот до правда за ранливите групи, нагласувајќи ги нивните потреби во процесите на одлучување. Ќе се залагаме за решавање на проблемите со правдата кои им се најважни на луѓето и за слушање на нивниот глас како корисници на правдата. Ќе бараме отстранување на сите бариери во пристапот до правдата и зголемена поддршка за граѓанските организации за решавање на правните потреби на сиромашните и ранливите групи на граѓани.

Ќе промовираме и ќе обезбедиме пристап до специјализирани правни услуги за ранливите групи на жени, како што се жените кои претрпеле семејно насилство. Ќе ги зајакнеме и охрабриме жените да иницираат судски постапки за нивна заштита и истовремено ќе работиме заедно со судиите за да се подобри пристапот и ефективноста на обезбедената судска заштита.

Ќе ја поддржиме работата и адресираме потребите на официјалните институции кои играат главна улога во спроведувањето на правдата.  Ќе развиеме методологии и инструменти за мерење на нивната транспарентност, отчетност и ефективност, како носители на правдата. Настојуваме да го зајакнеме судството, со цел да ја подобриме правната сигурност и да обезбедиме фер и навремени постапки.