Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

Стратегиски приоритет 1: Вклучување на граѓаните во процесите за планирање, спроведување и евалуација на законските регулативи, буџетите и услугите во областа на социјални и економски права

ЕСЕ ќе работи на зајакнување на капацитетите на локални и национални граѓански организации за спроведување на методологиите за социјална отчетност и правно зајакнување, вклучително и на ромските организации, организациите кои работат во областа на здравството, организациите кои работат на родова еднаквост и вработување и организациите кои работат со различни маргинализирани групи. Преку ваквата работа граѓанските организации ќе бидат во можност да ги зајакнуваат и мобилизираат заедниците со кои работат во насока на зајакнато учество на граѓанските организации и на граѓаните во барањето отчетност од владините институции. Исто така, преку оваа заложба ќе се зајакнат и нивните капацитети за учество во процесите за донесување одлуки и во процесите за мониторинг и евалуација на спроведувањето на релевантни политики и буџети, со фокус на правото на здравје, правото на вработување и правото на социјална заштита. Истовремено, ЕСЕ ќе работи на зајакнување на капацитетите на владата и на јавните институции во здравствениот сектор за тие да го зголемат граѓанското учество во процесите за донесување одлуки и следење на спроведувањето на релевантни политики и буџети.

Внимателно ќе собираме докази за спроведувањето на релевантните политики и буџети, како и за опфатот на директни корисници и влијанието што овие политики треба да го постигнат, вклучително и нивото на пристап до, статусот на и исходите за корисниците. Конкретно, ќе собираме податоци поврзани со различни социјални и економски права, како што се здравјето на Ромите, репродуктивното здравје на жените и здравјето на мајките и децата, афирмативни мерки и политики за вработување со фокус на жените, неплатена работа за домашна нега и спроведување на политиките и буџетите релевантни за овие прашања.

Ќе бараме отчетност од одговорните институции и подобрување на здравствениот статус и здравствените исходи за ранливите групи од населението, статусот на вработување и статусот на семејствата и поединците кои обезбедуваат домашна нега, а посебно подобрен пристап до социјална и здравствена заштита.