Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

Приоритети

 

Во периодот 2020-2024 година, Здружението ЕСЕ ќе работи на следниве приоритети:

- Вклучување на граѓаните во процесите за планирање, спроведување и евалуација на законските регулативи, буџетите и услугите во областа на социјални и економски права.

- Обезбедување еднаков пристап до правда во областа на социјални и економски права.

- Унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права.

Овие три стратегиски приоритети ги одразуваат нашите верувања дека социјалните и економските права треба да бидат највисок приоритет на државата и дека нивното спроведување треба да се темели на интересите и потребите на граѓаните, според принципот за распределба на максимални расположливи ресурси, прогресивно остварување на правата и недискриминација.