СТРАТЕГИЈА, ПРОГРАМИ И ИЗВЕШТАИ ЗА РАБОТА
Работата на Здружението е јавна, а начелата на транспарентност и отчетност се основни начела од кои се водиме во нашето работење. На овој начин даваме отчет за нашето работење на оние за кои работиме, нашите партнери, соработници, донатори и поддржувачи.
Органите и извршната канцеларија на Здружението работата во согласност со Статутот, Деловникот и сите останати акти на Здружението со што го осигуруваме почитувањето на начелата на транспарентност и отчетност.
Стратегија, годишни програми и извештаи за работа
Внимателно ги анализираме сите релевантни меѓународни, национални и сопствени извори на податоци за проблемите со кои работиме за да и утврдиме нашите стратешки определби и да го подготвиме Стратегискиот план на ЕСЕ. При обликувањето на планот се консултираме и го вклучивме мислењето на нашите партнери; соработници; донатори; членови на Извршниот одбор; и членовите на персоналот на ЕСЕ. Анализирани податоци дополнети и мислењата на членовите на ЕСЕ, партнерите, донаторите и соработниците, не информираат за проблемите со кои се соочуваат најранливите и маргинализираните граѓани во поглед на имплементацијата и уживањето на економските и социјалните права. Исто така, ни укажуваат на приоритетните прашања кои треба да се адресираат на среднорочен план.
Во моментот ЕСЕ работи на спроведување на Стратегискиот план 2020-2024 година, односно ги адресира следните проблеми: нема учество на граѓаните во процесите на планирање, имплементација и евалуација на законската регулатива, буџетите и услугите; нема еднаков пристап до правда и присутно е ниско ниво на фискална транспарентност.
Програми за работа претставуваат годишни планови на активности на стратешките определби и цели утврдени со Стратегискиот план. Со извештаите за работа известуваме за постигнатите резултати на годишно ниво. Годишните извештаи вклучуваат и годишни извештаи за финансиското работење на ЕСЕ.
Финансиското работење на ЕСЕ е предмет и на редовни годишни финансиски ревизии спроведени од надворешни независни ревизори.