Вклучување на граѓаните во процесите на планирање, спроведување и оценување на законската регулатива, буџети и услуги во областите на социјални и економски права |
Еднаков пристап до правда
|
Унапредено нивото на фискална транспарентност на институциите од областа на социјалните и економските права |
Вклученоста на граѓаните овозможува креирање на политики и буџети кои се засноваат на реалните потреби на населението, а воедно гарантира соодветна имплементација на истите. Само преку вклучувањето на граѓаните и особено маргинализираните групи на населението во овие процеси може да се оствари заложбата на Целите за одржлив развој „никој да не биде изоставен“ во процесот на остварување на социјалните и економските права на граѓаните. |
Прогресивното остварување на социјалните и економските права е тесно поврзано со промовирањето и воспоставувањето на ефективен пристап до правда за маргинализираните и ранливите групи во нашето општество. |
Фискалната транспарентност претставува средство за унапредување на управувањето со јавниот сектор, го зајакнува гласот на граѓаните да влијаат врз донесувањето на одлуките од нивно значење и овозможува непречен пристап и уживање на социјалните и економските права на граѓаните. |